40-ка

Денеска ми е роденден, па си реков да залепам некоја буква на блогов.

Нема да пишувам за потрагата по среќа и мудроста собрана со годините, туку ќе споделам со вас кои се најважните 4 работи кои ги научив низ моите 4 декади …

1. Не е важно дали косата и облеката ти се неуредни, додека мислата ти е прецизна и испеглана. Не знам за вас, ама јас сум сведочела на збунети, но и потценувачки погледи, кои очекувале дебакл кога ме здогледувале на официјални настани. Знам дека им било сосема шокантно кога моите патики и немарно фатената коса во репче се појавувале таму и се претставувале како претседателка, директорка, член на … И знаете што, тоа ми е некако баш забавно, во комплет со менувањето боја и почитта која ја добивам по завршувањето на настанот.

2. Најважно е да се имаш себеси, другите доаѓаат и си одат. Илјадници неисполнети ветувања, разочарувања од неодговорни и непрофесионални ликови, бивши љубови, лажни пријателства и вештачки насмевки ми помогнале да го научам ова. Фала им. Тие ми покажаа дека самопочитта, напорната работа, посветеноста, упорноста и вербата во себе се основа за успех. Од мене направија личност која на секој предизвик му вели ,,добредојде”, и тоа со насмевка.

3. Не сум совршена, ама сум среќна со тоа што сум. Секако, можеше да биде и поинаку, ама не е. И нема што многу да се филозофира околу тоа. А којзнае дали ако било инаку би било подобро? Вака точно знам на што сум и уживам до максимум.

4. Да си различен не е најсреќната работа, ама е најзабавната 😁 Нема подобро чувство и поголема забава од тоа да бидеш таков каков што си, свој, уникатен и единствен, различен. Е да, не сите го мислат тоа и често сакаат да те напикаат во сопствениот калап, па ќе те гмечат и гушат, ама па, што ти е друга работа, освен да си продолжиш по свое. За инат.

Да не се разбереме погрешно, ова ниту се совети, ниту се препораки како вие да си ги бркате вашите животи, туку само запис од едно уникатно, 40 годишно доживување.

Борбата продолжува …

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s